MНР

Maкедонија и Украина потпишаа договор за безвизен режим

Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров и амбасадорката на Украина Наталија Задорожњук денеска потпишаа Спогодба за условите за заемни патувања на државјаните од двете земји. Спогодбата ги уредува правилата и начинот за воспоставување и практикување на безвизниот режим помеѓу Македонија и Украина (без никакви документи како услов за влез) и им овозможува на државјаните на двете земји, носители на биометриски патни исправи, влез, транзит и краткорочен престој од  90 до 180 дена без виза.

Оваа Спогодба се очекува да даде особен придонес за натамошно интензивирање на севкупната соработка, особено на економски план, преку олеснување на деловните врски и контакти меѓу двете земји, како и развој на туризмот. На средбата што следеше по потпишувањето беа потврдени традиционално добрите односи меѓу Македонија и Украина, а стана збор и за актуелни прашања од заемен интерес, информираат од МНР.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе