Македонија, и сѐ е можно!

Навидум во добро расположение, во пролетна гардероба, со лесен чекор, одеше Сашо Мијалков кон влезната врата на Обвинителството за организиран криминал во Скопје. Од таму, во пресрет му тргна новинар вооружен со микрофон врзан за камерата на својот камерман.

-Господине Мијалков, во Македонија сте?

-Да, тука сум, еве.

И така, Мијалков бил тука, во Македонија, во Скопје.

Што е тука спорно? Ништо. Решението не му било врачено, човекот не знаел дека некој го бара. Должен ли е да гледа вести, да чита портали, весници? Не. Такво нешто не пишува во законите.

Но познати се здравствените протоколи. И за самоизолацијата. Кога поминала тревогата, слушнал дека некој го бара. И, отишол да види за што станува збор.

Како што кажал и порано дека нема да бега, така и сега, без трчање се оддалечи од камерата, влезе во просториите на Обвинителството, каде што, со оглед дека е попладне, по работното време, можеби ќе ја најде главната обвинителка Рускоска или ќе ја причека да дојде. Затоа нејзиниот шеф Јовески е дежурен.

Премиерот се јави на Фејсбук.

Македонија по возбудливите денови, се враќа во новата нормалност.

П.Џамбазоски

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе