Во Народното собрание на Бугарија

Македонија и Русија ја разбрануваа Бугарија, барање 24 мај да биде национален празник

Обид за интервенција во историјата со бегство од улогата на Русија врз бугарската држава? Пратениците на ГЕРБ-СДС на седница на бугарскиот парламент предложија националниот празник на Бугарија повеќе да не биде 3 март, датумот кога е постигнат Санстефанскиот мировен договор меѓу Русија и Отоманската империја, туку 24 мај – денот на Светите Кирил и Методиј. Ваквиот предлог се претвори во своевиден политички скандал. Практично, Русија ја ослободи Бугарија и оттогаш Софија го живее сонот за голема држаа, а од друга страна Денот на сесловенските просветители е официјален празник и во Македонија и во Русија.

Подносителите на предлогот 3 март да се замени со 24 мај образложуваат дека на 3 март ѝ се изразува благодарност на Русија што ја ословоди Бугарија од Турција, но дека сега тоа не е добро да се прави преку национален празник во изменети светски политички констелации имајќи ја предвид руската инвазија врз Украина и ставот на официјална Софија кон тој проблем.

Од друга страна, 24 Мај е празник на Русија и на Македонија, но тоа според нив, во контекстот на односите со Македонија, нема да биде проблем зашто „празнувањето ќе обединува“.

Пратеникот од бугарските социјалисти Иван Петков ги праша колегите од ГЕРБ-СДС што ако не беше 3 март, што ќе правеа на 24 мај и дали немаше да се слави празникот на турската азбука и дали Бугарија немаше да беше турски султанат, да не беа Русите. Пратеникот од ГЕРБ-СДС Тома Биков одговори дека да не беше 24 мај, немаше да биде трети март и го обвини колегата од БСП дека не знаел дека тогаш немало турско писмо, туку арапско. Филип Попов од БСП ги повика колегите од ГЕРБ-СДС да не се противат на празниците.

Христо Иванов од „Демократска Бугарија" ги обвини ГЕРБ-СДС дека го злоупотребиле проблемот со начинот на кој го доставиле предлогот во овој момент. Според него, на случајот со националниот празник на Бугарија требало да се пристапи систематски со создавање собраниска комисија, а не на овој елементарен начин. Но, изјави дека симболично ќе гласа „за" промена на празникот. Лидерот на најмалата партија во Народното собрание „Вазраждане", која е крајно националистичка, Костадин Костадинов, ги повика пратениците да не го чепкаат 3 март, бидејќи овој празник ги обединува Бугарите и порача дека без 3 март немаше да има мај. 24. На крајот, пратениците во бугарскиот парламент не одлучија дали 24 мај ќе го замени 3 март како национален празник на земјата.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе