Меморандум за разбирање и соработка

Македонија и НАТО заедно ќе одговараат на сајбер нападите

Меморандум за разбирање и соработка на полето на сајбер одбраната меѓу Северна Македонија и НАТО потпишаа министерката за одбрана Радмила Шекеринска и помошникот генерален секретар на НАТО Дејвид ван Вел, како претседател на Одборот за управување со сајбер одбраната во НАТО.

Целта на овој Меморандум за разбирање, како што соопшти Министерството за одбрана, е да се подобри и унапреди соработката и помошта во полето на сајбер одбраната помеѓу НАТО и националните органи за сајбер одбрана.

„Сајбер - безбедноста е област која ја сфаќаме многу сериозно. Меморандумот за соработка со НАТО на полето на сајбер одбраната, овозможува координирана реакција на сојузниците во случај на сајбер напад и е сериозен придонес во зајакнувањето на националните капацитети за справување со сајбер напади, како и во зајакнувањето на отпорноста на Алијансата“, вели Шекеринска.

Според помошникот генерален секретар Ван Вел, пак, сајбер одбраната е приоритет за НАТО и неговите сојузници.

„Зајакнувањето на отпорноста кон растечките сајбер закани е од критично значење, и овој Меморандум за соработка во сајбер одбраната кој го потпишавме со Северна Македонија е важен чекор во таа насока“, рече Ван Вел.

Меморандумот за разбирање ќе го олесни споделувањето информации за сајбер заканите и најдобрите практики, ќе ја подобри превенцијата на сајбер инциденти и ќе помогне да се зголеми отпорноста на Македонија во поглед на сајбер заканите.

Исто така, Меморандумот за разбирање ќе ја олесни взаемната поддршка на органите задолжени за сајбер одбрана на НАТО и Македонија во случај на потреба.

 

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе