Писмо до Генералниот секретар на ОН

Македонија и Грција го информираа Гутереш дека Договорот од Преспа стапи на сила

Со заедничко писмо Македонија и Грција го информирале генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш за датумот на влегување на сила на Конечната Спогодба, со што се става  крај на повеќедеценискиот билатерален спор меѓу двете земји, потврдија од Министерството за надворешни работи.

Според МНР, за промената на името и за новото уставно име на државата во најкус можен рок ќе бидат испратени вербални ноти до Секретаријатот на ООН, земјите-членки, земјите набљудувачи на ООН, како и сите останите меѓународни организации чија членка е Македонија. Овој процес веќе е во тек.

Новото уставно име Република Северна Македонија почна да се применува од синоќа, откако пристигна вербалната нота од Грција со која се потврдува дека е завршена ратификацијата на Договорот од Преспа и Пристапниот протокол за членство во НАТО.

 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе