Од 24. април до 5. мај се игра мастерс турнирот во Мадрид. По испаѓањето во полуфиналето во Монте Карло, Новак Ѓоковиќ потврди дека ќе игра на Ролан Гарос и Вимблдон, но не кажа ништо за другите турнири.
Отворено е прашањето дали ќе игра во Мадрид и Рим, турнирите кои му претходат на Ролан Гарос.
Рафаел Надал веќе е пристигнат во Мадрид и тренира. Карлос Алкарас кој имаше проблеми со раката ќе се обиде да игра. Но уште нема информации дали ќе настапи и Ѓоковиќ.
Србинот како носител автоматски е пријавен за турнирот во Мадрид, исто како и за тој во Рим. Но, ништо не е официјално додека не дојде потврда од играчот или од страна на турнирот. Засега такво нешто нема.