Реципроцитет

Македонија ѝ достави на Грција нацрт-договор за решавање на името

Македонија достави до грчкото Министерство за надворешни работи  македонски нацрт-договор за решавање на прашањето за името, откако пред неколку дена во Скопје пристигна грчкиот нацрт-договор,соопшти денеска министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Меѓу грчкиот и македонскиот нацрт-договор, како што кажа Димитров,  има разлики, но тој е убеден, дека ако целта е да се најде одржливо и достоинствено решение и разумна дистинкција меѓу Република Македонија и регионот во Грција кој го носи тоа име, решението е можно.

„Грчката нацрт-спогодба е предмет на анализа во овој период. Секогаш кога комуницираме преку медиуми работата се компликува. Чесно е да кажам дека има разлики и се надеваме дека ако мислиме заеднички на една цел ќе успееме тие разлики да ги надминеме“, порача тој.

Со ова комуникацијата, којашто досега се одвиваше претежно низ усен дијалог, Димиров вели дека се влегува во фаза на размена на пишани документи.

Димитров додад дека со нетрпение и со задоволство ја очекува посетата на неговиот колега од Грција, Никос Коѕијас, кој во четврток ќе допатува во земјава и во петок ќе има интензивни разговори со македонскиот државен врв.

По средбата во Скопје, наредната недела на 30 март двајцата министри ќе имаат средба во Виена, под медијаторство на Метју Нимиц, а по таа средба се очекува за разговорите да биде информиран и претседателот Ѓорге Иванов. 

Инаку, Димитров не коментираше колку од грчкиот нацрт-договор е прифатлив за Македонија и дали вклучува промена на Уставот, изјавувајќи дека не е добро да се прејудицира, туку треба да му се даде шанса на процесот. 

Според Димитров, нема цврсти рокови за договор. 

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе