Македонија и Бугарија заеднички ќе ги чествуваат Кирил и Методиј, Климент и Наум и цар Самоил и има по 7 препопраки за во учебниците

Членовите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовани прашања на Македонија и Бугарија за првпат од својата четиригодишна работи излегува во јавноста со усогласени препораки во однос на можноста за заедничко чествување на одредени историски личности и за промени во учебниците во историја во 5 клас во Бугарија и шесто одделение во Македонија. Препопраките се пратени до министерствата за надворешни работи и на потег се властите на македонската и бугарската држава за тоа што понатаму со овие препораки.

Експертите се договориле врз кои принципи во иднина ќе може заеднички да се празнуваат одредени годишнини за историските личности светите Кирил и Методи, свети Климент и свети Наум и цар Самоил. Кај свети Кирил и Методиј се тргнува од нивното мисионерското дело кое ги поставува основите на христијанската култура и духовност на словенските народи.

За цар Самоил пишува дека „е владетел на голема средновековна држава, којашто поголемиот дел од современата историска наука ја смета за Бугарско царство со центар во територијата на денешна Република Северна Македонија. Тоа опфаќа значителен дел од земјите и населението на Балканскиот Полуостров. Цар Самоил и неговата драматична судбина се симбол на заедничката историја, којашто се споделува од двете современи држави Република Северна Македонија и Република Бугарија“.

Кај учебниците усогласен бил главно античкиот дел од историјата и се препорачуваат промени во сугестивните пораки во учебниците по историја во двете држави дека нацијата има континуитет од антиката до денес. Експертите се усогласиле дека голема манипулација се прави и со историските карти за овој период, за кои е побарано да се дадат појасни и попрецизни термини.

Средновековието, 20 век, холокаустот, Втората светска војна се темите за кои допрва треба да се произведуваат препораки.

Овие препораки всушност значат дека сега на потег се образованите власти во Македонија и Бугарија кои доколку владите ги усвојат ќе треба да ги преточат во посочените учебници.

Усвоени се по 7 препораки за секој учебник пооделно, а промените во учебниците не допираат до идентитетските прашања, велат македонските историчари.

„Важен е мултиперспективниот пристап, кој не секогаш е приемнлив. Понекогаш се соочуваме со сосема различни наративи за еден историски настан и задачата е сега да им се објасни на учениците како тие наративи настанале. 19-от век ќе биде помачен, таму наративите се поостри меѓу двете истириографии“, рекоа на денешниот брифинг за новинарите членови на македонскиот тим од заедничката комисија.

А.Д.

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе