Евроамбасадорот Гир ја разбира фрустрацијата

Македонија и Бугарија треба да ги удвојат напорите за изнаоѓање прифатливо решение

Најдоброто решение и најдобриот пат напред е да можат да се удвојат напорите помеѓу Северна Македонија и Бугарија се со цел да може да се дојде до договор кој ќе биде прифатлив за двете земји, советува евроамбасадорот Дејвид Гир, додавајќи дека ја разбира фрустрацијата поради непочнувањето на преговорите на ЕУ со земјава.

„Се разбира тоа и го прават Северна Македонија и Бугарија, тие се ангажирани цело време на начин да можат да дојдат до взаемно прифатливо решение, взамено прифатлив договор“, рече Гир во Тетово, одговарајќи на новинарско прашање кога е можна меѓувладина конференција за почеток на преговорите на ЕУ со земјава.

Тој порача дека втора работа што треба да ја направи земјава е да продолжи со спроведување и реализација на процесот на реформите.

„Со други зборови тоа би значело Владата да продолжи со реализација на процесот на реформите. Спроведување токму на тие реформи кои ќе ја приближат земјата до ЕУ и се разбира ќе доведе до крајната цел, полноправно членство во ЕУ“, изјави Гир.

Тој потсети дека следниот чекор е усогласување на преговарачката рамка помеѓу сите 27 земји членки на ЕУ, што не се случи при крајот на минатата година поради немање едногласност.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе