Спасовски и Каракачанов во Охрид

Македонија и Бугарија потпишаа Протокол за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и бугарскиот вицепремиер за јавен ред и безбедност и министер за одбрана Красимир Каракачанов денеска во Охрид потпишаа Протокол за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе.

„Борбата прoтив организираниот криминал не познава граници, што нѐ упатува на заедничка акција. Мигрантската криза со која се соочија нашите држави во изминатите години го зголеми ризикот од трговија со луѓе, при што согледавме дека се потребни дополнителни напори преку креирање на зајакнат билатерален и регионален пристап. Свесни сме дека единствено преку градење и имплементација на заеднички иницијативи ќе се создадат цврсти темели за добрососедските односи, засновани на меѓусебно почитување и доверба“, рече Спасовски по денешното потпишување на протоколот.

Според него, се работи за исклучително важен протокол со кој на повисоко ниво се подига соработката, размената на информации, оперативното делување на двете држави против трговијата со луѓе, како предизвик со кои се соочуваме и со кои ќе се справуваме со иднина. Тој изрази задоволство од поддршката што Македонија ја добива од Република Бугарија за интеграција на во НАТО и ЕУ, принципите кои и беа дел од агендата на Владата на премиерот Бојко Борисов кога државата беше претседавач со ЕУ.

„Се надевам дека сите заедно ќе продолжиме и понатаму да соработуваме, да ја испраќаме таа порака на пријателство и заедништво. Само со соработка и взамено делување, и двете држави и нивните граѓани, но и регионот може да имаат напредок“, рече Спасовски.

Според Каракачанов, потпишувањето на протоколот е уште еден показател за добрососедските односи и истакна дека очекува наскоро добри вести за Република Северна Македонија односно започнување на преговорите со Европската унија.

„Трговијата со луѓе е тема за која европските институции не само говорат, туку и преземаат активности оттаму што се работи за кривично дело против човекот. Соработка меѓу двете држави по тоа прашање имаше и досега, најмногу во рамки на министерствата за внатрешни работи, но со овој документ двете држави ја потврдуваат решеноста категорично заеднички да работат во спроведувањето на европската политика за борба против тој порок во двете општества“, рече Каракачанов.

Спасовски и Каракачанов ја потенцираа одличната соработка меѓу двете држави, која ќе продолжи и во наредниот период. 

 

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе