Како членка на НАТО

Македонија финансиски поддржа донација во медицинска опрема за Црна Гора

Македонија е една од земјите кои финансиски ја помогнаа донацијата од НАТО за Црна Гора која што се состои од медицинска опрема за справување со ковид-19, објави НАТО.

„На 1 февруари Министерството за здравство доби 20 комплети опрема за респиратори од резервите на НАТО за одговор на пандемија. Донацијата беше координирана од Евроатлантскиот координативен центар за одговор на катастрофи на НАТО и беше овозможен со финансиски придонес од Чешка, Литванија, Холандија, Северна Македонија, Велика Британија како и САД. Идната недела опремата ќе биде дистрибуирана во локалните болници“, пишува во објавата на веб страницата на НАТО.

Оваа донација, како што се додава, е одговор на барањето од Црна Гора за меѓународна помош испратено лани во октомври.

Инаку, досега сојузниците одобриле 10 пакети помош за четири членки на НАТО- Албанија, Чешка, Црна Гора и Македонија, како и пет земји партнери-Босна и Херцеговина, Ирак, Молдавија, Тунис и Украина, а одобрена е дополнителна помош за Македонија и за Украина.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе