Протест пред Собрание

„Македонија блокира“: Нема да дозволиме предавниците да ни го променат името

Под засилно полициско обезбедување и со извици „предавници", „платеници", „изроди" започна денешниот протестот пред Собрание против уставните измени организиран од „Македонија Блокира" и „Тврдокорни".

„Сме биле Македонци и ќе останеме Македонци и нема да му дозволиме на никој да не менува, а особено не, на овие изроди кои седат во Собрание, ќе и порачам на полицијата дека ни ја делат улицата. Оваа е наша улица, не треба да ги брани тие 120 предавници. Го повикуваме и претседателот Иванов да дојде овде и да ни се приддружи и да протестира заедно со нас" – рече Драган Угриновски од „Македонија блокира".

Претседателот Иванов беше повикан и од Жарко Гроздановски, лидерот на „Христијанско братство“, бидејќи баш пред него лично Зоран Заев дал гаранции дека нема да го менува Уставот и името на Република Македонија.

„Ова е оној момент кога претседателот Иванов треба да повика вонредна состојба, доколку тоа не се случи денес или во наредните денови сакал или не влегува во листата на предавници", изјави Гроздановски.

„Започнува денот Д. Ова е првата фаза. Ако ова помине, има и втора фаза. Оваа марионетска власт не сака да го почитува народот. Дали треба да и дозволиме на оваа збирштина да избрише се што е македонско. Терористи, седат внатре. Ние сме решени да останеме свои на своето – рече претседателот на „Единствена Македонија", Јанко Бачев.

Бачев изјави дека доколку не успеаат со првата полесна фаза, следува втора потешка и посериозна фаза и дека член на „Македонија блокира" е на разговор со претседателот Ѓорге Иванов.

Од движењето „Македонија блокира", чии членови протестираат денеска пред собранието, побараа нивни претставници да влезат во парламентот за да разговараат со пратениците, како би им ги изложиле своите ставови против промена на уставното име, но и нивни претставник да се обрати пред пратениците на денешната седница во Собрание.

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе