Анкета на МКД.мк

Македонците се против членство во ЕУ и НАТО со променето име, Албанците се за

Сосема случајно, го имаме веќе одговорот на референдумското прашање кое вчера го откри премиерот Зоран Заев: дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција? Анкетата која за МКД.мк минатата недела ја спроведе агенцијата Мaркет висион покажа дека на прашањето „дали сте за членство во ЕУ и НАТО со променето име“, 52,1 % од граѓаните ќе одговорат негативно, а 47,9 отсто позитивно.

Расположението на македонските граѓани измерено минатата недела покажа дека 54,1 отсто од анкетираните не го поддржуваат договорот со Грција за промена на името на Република Македонија, а 45,9 се за тој договор. Кога овие резултати ќе ги распределите на 1.200-те испитаници според националната припадност, големи се разликите во ставовите меѓу Македонците и Албанците.

Анкетираните Албанци (25% од 1.200 испитаници) сметаат дека договорот со Грција е добар - 94,7 %. Од нив 5,3 отсто одговорија дека не го поддржуваат договорот со Грција за промена на името, а кај Maкедонците тој процент е 74,5. 25,5 отсто од анкетираните Македонци сметаат дека договорот со Грција е добар. Освен кај Ромите и Србите, кај сите други националности (Турци, Власи, Македонци муслимани, Босанци) мнозинството е за договорот.

Таков е односот во однос на сите прашања на телефонската анкетата спроведена од агенцијата Маркет висион од 9 до 15 јули.

На прашањето дали сте за членство во ЕУ и НАТО со променето име, против се 52,1 %, а за се 47,9 % од испитаниците. Според националната припадност на анкетираните, одговорите и на ова прашање меѓу Албанците и Македонците се сосема различни.

Кај Македонците против членството во ЕУ и НАТО со променето име се 71,7% (28,3 отсто се за), а кај Албанците тие проценти се -  94,7 отсто се за членство во ЕУ и НАТО со променето име, а само 5,3 отсто од анкетираните се против.

Кај другите националности таа бројка е -  55,5% се против, а 44,5% се за.

49,6 отсто од анкетираните се убедени дека НАТО и ЕУ ќе донесат подобар живот, а 41,5 % не се согласуваат со тоа. Тука се и 8,9 отсто од анкетираните кои сѐ уште не знаат. Од Македонците со ова се согласуваат 34%, а 56,4% сметаат дека нема да биде ништо од подобриот живот ако се зачлениме во ЕУ и НАТО. Кај Албанците одговорот на ова прашање е сосема поинаков - 85,8 % велат дека со ЕУ и НАТО ќе имаме и подобар живот, а со тоа не се согласуваат 6,6 отсто од испитаниците.

Кај другите националности, 57,8 отсто се сигурни дека ќе имаме подобар живот со ЕУ и НАТО, а 34,4 отсто сметаат дека ништо од тоа.

За бојкот на референдумот се 27,5 отсто од испитаниците, а на референдумот ќе учествуваат 47,8 отсто. Повеќе од 24 отсто од испитаниците сѐ уште не одлучиле дали ќе излезат или не на гласањето на референдумот.

Од Македонците 41,9 отсто веќе одлучиле дека ќе излезат на референдумот, а за бојкот се 35,8 отсто (неодлучни се 22,2%).

Кај Албанците, пак имаме спротивна слика - на референдум ќе излезат 61%, а за бојкот се 31,8 % од албанските гласачи.

Во однос на уставните промени, на прашањето „дали верувате дека Македонија ќе биде примена во ЕУ и НАТО доколку го промени уставот и името“, 44,6 отсто од испитаниците одговориле потврдно, а 43,1 % се сомневаат во тоа (12,3% не знаат).

Посомничави се Македонците, 53,9 отсто одговориле дека не веруваат дека со промена на Уставот Македонија ќе биде примена во ЕУ и НАТО, а 32,9 одговориле позитивно на ова прашање.

Кај Албанците, 72,8 отсто веруваат во приемот во ЕУ и НАТО, а 17,5 % одговориле дека не веруваат.

А.Д.

Дали ја поддржувате одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за непотпишување на указот за Законот за употребата на јазиците?

Дали ја поддржувате одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за непотпишување на указот за договорот со Грција за промена на името?

Објавено

Четврток, Јули 19, 2018 - 11:07

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе