Македонците од општина Пустец бараат отворање премин на албанско-грчката граница

Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски и градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски го посетија селото Церје, на албанско-грчката граница, и со жителите разговарале за проблемите со кои се соочуваат и прашањата кои чекаат итно решавање.

„Ги посетивме жителите на планинското село Церје, општина Пустец, каде за жал поради лошите услови за живот поголемиот број жители се иселени од селото. Во селото останати се мал број повозрасни лица. Посочија повеќе поблеми со кои се соочуваат а ја нагласија неопходноста од отворање на граничниот премин со Грција“, изјави Стерјовски за МИА.

Според него, отворањето на овој граничен премин ќе овозможи и асфалтирање на патот од Зрноско до селото, ќе го заживее селото Церје и ќе ја развие целата област Преспа и поширокиот регион.

„Во албанското Собрание и од албанските институции, како пратеник, веќе имам побарано отворање на граничниот премин Церје. Заедно со градоначалникот на општина Пустец ќе продолжиме да лобираме за негово профункционирање што ќе донесе посебен развој на општината Пустец, ќе ја зголеми економската соработка помеѓу жителите од двете страни на границата и ќе го зголеми бројот на туристи како во Општина Пустец така и во округот Корча“, оценува Стерјовски.

Тој додава и дека македонската заедница во општина Пустец, со години бара отворање на овој граничен премин, но јавноста се запознала преку неговото обраќање во парламентот.

Албанската Влада, смета тој, е неопходно да разговара со грчката страна и ЕУ за отворање на овој граничен премин и со европски пари да се изгради потребната инфраструктура и да се асфалтира патот од селото Зрноско до Церје. Истовремено вели дека Европската Унија му дава посебна важност на регионот Преспа, кој се протега во три земји, Албанија, Македонија и Грција и е подготвена да финансира посебен ИПА проект „ЕУ за Преспа“ за развој на регионот на Преспа.

 

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе