Во однос на дијалогот со Бугарија, Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, оценил дека почнува нова фаза, а двете страни искажуваат волја во насока на напредок на процесот. Тој смета дека е значајно секоја политичка институција во двете држави да даде свој придонес за решавање на отворените прашања.
На средбата претседателот Пендаровски информирал дека наскоро ќе оствари официјална посета на Република Бугарија, каде ќе има разговори со претседателот Румен Радев.
„Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија е насочена кон развивање на добрососедски и пријателски односи со Република Бугарија, во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави од 2017 година“, се наведува во соопштението од неговиот кабинет.