Реакција

Maкедонци во светот: Измените во Законот за државјанство како финална етапа во дезинтеграцијата и федерализацијата на Македонија

Ги осудуваме и ги отфрламе предложените измени во Законот за државјанство поднесени од Владата со европско знаменце до Собранието на Македонија. Критериумуте и условите кои се наведуваат во предложените измени се надвор од европската регулатива и претставуваат предмет на потсмев и правна деградација. Во ниту една од државите на ЕУ не постојат критериуми кои соодветствуваат на предложените измени од Владата, како платени сметки за вода, струја, лекар, штедни книшки, школо, непознавање на јазикот…, се вели во реакцијата на координативното тело на Македонците од светот.

„Колку за споредба, главни критериуми и услови во Европа за државјанство се престој во државата од 10 до 12 години, успешно интегрирање во системот и неповредување на правниот систем , да не претставува закана по внатрешната и надворешна безбедност на државата, почитување вредностите на нацијата, многу добро познавање на јазикот Б1 (според европскиот систем на класификација на познавање на јазиците - СЕРЛ)... Така е во Швајцарија, Франција, Белгија, Италија…

Во суштина , целта на донесувањето на овој закон кој првично беше предложен од албанските политички структури, е задоволување на нивните апетити и враќање на предизборниот долг на владејачката партија спрема нејзините коалициони партнери, а кое воедно е и дел од таканаречената Тиранска платформа.

Со тој подмолен политички чин кој де факто ќе биде увертира за претстојниот најавен попис на населението, буквално ќе се создадат сите услови за дезинтеграција и федерализација на Република Македонија.

Имајќи ја во предвид, сериозноста и опасноста од предложените владини мерки, ги повикуваме македонските политички сили во Собранието и надвор од него, да го оспорат и бојкотираат овој антиевропски закон за државјанство, а воедно и да го спречат и одложат најавениот Попис за попишување на сите „Албанци “ надвор од државата“, се вели во соопштението на координативно тело на Македонците во светот од Женева, Лондон, Брисел, Њујорк и Мелбурн.

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе