По вчерашното приведување

Мајката на Пино: Ме приведоа затоа што извикував Македонија покрај возилата на НАТО (ВИДЕО)

Заедно со Нестор Огинар и со уште едно лице поминувавме покрај воените возила на НАТО во ценатрот на Скопје и извикувавме „Македонија, Македонија". Дојдоа полицајци и нѐ приведоа во полициската станица кај БЕКО, изјави Маја Трпковска, мајката на убиениот Пино, по неколкучасовниот престој во станицата. Од МВР велат дека лицата биле приведени поради нарушување на јавниот ред и мир.

Ова е диктатура, изјави Трпковска, мајка на убиениот Пино Секондо.

„Ме качија во комбе и ме однесоа во полициската станица БЕКО. Не сакаа да ми ја признаат италијанската лична карта која ја приложив за да се идентификувам. Мислеа да ме задржат, но откако дојде група на луѓе за поддршка пред полциската станица, решија да нѐ ослободат. Констатираа дека нема кривично дело за кое може да не гонат или да сме сториле прекршување на законот”, вели Трпковска. Таа потенцира дека не е од здружението Бојкотирам, дека не е член на ВМРО-ДПМНЕ, дека не е член на ниту една партија, ама не сака македонските деца да станат топовско месо во идните операции на НАТО.

Од МВР вчера потврдија дека Трпковска, заедно Нестор Огинар и Д.Д. од иницијативата „Бојкотирам” биле приведени во полициската станица поради нарушување на јавниот ред и мир, додека на плоштадот во Скопје се изведувала НАТО вежбата „Одлучен удар”.

Од МВР велат дека трите лица го нарушиле јавниот ред и мир и не почитувале наредба на полициски службеници, односно ја попречувале полицијата во извршување на службени дејства. Лицата се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, велат од МВР.

Маја Трпковска со месеци изразуваше незадоволство од одделот за потраги во МВР, откако нејзиниот син исчезна во декември минатата година, а немаше никаков напредок во истрагата за тоа каде тој се наоѓа. Неколку месеци подоцна остатоците од телото на убиениот Пино Секондо беше пронајдени од случаен минувач.

Мајката на Пино неодамна објави дека поднесе кривична пријава против МВР во врска со убиството на нејзиниот син. Од голем револт, непрофесионалност и многу други причини, кои за сега нема да ги открие во јавноста, Трпковска поднесе тужба против секторот за потраги и исчезнати лица.

Пино Секондо, момчето кое беше исчезнато шест месеци и убиено на свиреп начин, беше пронајдено пред околу 30-тина дена во атарот на селото Љуботен. Неговата мајка, Маја Трпковска, семејството и блиските пријатели цело време беа во потрага, но за жал случајот заврши трагично.

Додека Маја со сите сили и можности трагаше по своето исчезнато дете, како што вели таа, во Секторот за потраги и исчезнати лица во МВР, не мрднаа ни со малиот прст. На ожалостената мајка и спуштале слушалки, за што, како што вели таа поседува и видео снимка, а исто така и одговарале на непрофесионален начин, кога прашувала дали има некаква трага од нејзиното исчезнато дете.

 

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе