ХКЧП утврди дискриминација постапувајќи по претставка

Мајка и син навредувани и избркани од автобус на ЈСП поради боја на кожа

Постапувајќи по претставка поднесена од Хелсиншкиот комитет за човекови права, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди директна дискриминација врз основа на етничка припадност и боја на кожа, извршена од страна на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје.

„Во февруари 2020 година, Сирхан Усеин и неговата мајка, и покрај тоа што имале годишен билет, биле малтретирани, навредувани и избркани од автобусот поради нивната етничка припадност и боја на кожа. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација му препорача на ЈСП во иднина да обезбеди непречен и еднаков пристап до добрата и услугите на сите граѓани на Република Северна Македонија, без разлика на нивната етничка и расна припадност. Претпријатието доби препорака да спроведе обука за подигнување на свеста и сензибилизација на своите вработени за работа со маргинализирани групи граѓани. КСЗД го следи извршувањето на мислењата и препораките во вакви случаи и иницира прекршочна постапка пред надлежен суд, доколку тие не се исполнат“, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права. 

Хелсиншкиот комитет ја поздравува динамиката со која КСЗД во изминативе седмици им пристапува на случаите кои што ги презеде од претходната антидискриминаторска комисија и велат дека очекуваат брза и ефективна работа и во иднина, која ќе придонесе за подобрување на состојбата со човековите права во земјава и во искоренувањето на дискриминаторските практики.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе