Мајк Помпео го честиташе Денот на независноста

Американскиот државен секретар Мајк Помпео го честиташе Денот на независноста на Македонија и изрази поддршка за евроатлантските интеграции на земјата.

„Во име на Владата на САД и американскиот народ, упатувам честитки на народот во Република Северна Македонија по повод 28 години независност.

Додека го славиме историскиот Договор од Преспа, продолжуваме да работиме рамо до рамо на поддршката на аспирациите на Северна  Македонија да се приклучи на НАТО и ЕУ.  

Вашата постојана посветеност на демократските принципи и владеење на правото придонесуваат не само на иднината на Република Северна Македонија, туку и мирот и безбедноста во регионот. Се радуваме што ќе ве дочекаме вас како наша 30-та членка во НАТО”, наведува Помпео во честитката 

Тој, како што соопшти Стејт департментот, додава дека во оваа важна година, му се приклучува на народот во Севррна Македонија во прославата на независноста.

 

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе