Бугарската министерка за регионален развој

Магистралата „Струма” има недостатоци, ама не е причина за несреќата со автобусот на „Беса транс”, вели Комитова

Проверката што ја изврши бугарското Министерство за регионален развој на делот од магистралата „Струма” каде што се случи сообраќајната несреќа со македонскиот автобус не открила сериозни проблеми на патот, соопшти министерката за регионален развој, Виолета Комитова.

Според Комитова, заштитната ограда во која удри автобусот е според стандардите кои важеле во 2002 година, кога се реконструирал патот, а денеска авто-магистрала, „Струма“. Во 2021 година се воведени нови норми за поставување на заштитната ограда, но тие важат за тие кои ќе се градат од 2021 година па наредните години.

Комитова на денешната прес-конференција рече дека единствената промена на патот е во знаците, меѓу кои е и оној за брзината која била ограничена на 90 километри на час, а потоа зголемена на 120 километри на час. Сепак, таа и нејзините колеги, кои правеа проверка на патот, сметаат дека ова не е причина за несреќата, иако веднаш предложиле намалување на брзината во тој дел на патот.

Виолета Комитова

„Во 2002 година бил одобрен проектот. Реализираното е според проектот, разликата е минимална. Тој пат ‘де јуре’ не е автомагистрала, туку пат“, вели архитектот Владо Калинов.

Според наодите, површината на патот е во добра состојба во однос на рапавоста и отпорноста на лизгање. Средната линија има дозволени ограничувања на видливост на сув коловоз. Видливоста на знаците за ограничување на брзината е над дозволеното ниво. Заштитната ограда поставена во 2007 година ги исполнувала нормите. Комитова уште додаде дека во 2021 година само се донесени нови норми за заштитни огради, кои мора да бидат од типот „тампон“.

Министерката и архитектите по анализата веќе предложиле  поставување на светлечка сигнализација на сите места каде има места за одмор, заградени со заштитна ограда. Комитова вели дека недостатоците кај знаците и заштитната ограда не се причина за пожарот во автобусот каде загинаа 45 лица.

„Патот има долга историја. За жал жртвите не можеме да ги вратиме. Ова е невообичаена катастрофа. По магистралите сме виделе многу катастрофи, превртени камиони итн, но овде имаме пожар кој според мене е прва причина за толку загинати, а за кој не знаеме како настанал. Во однос на заштитната ограда наречена ‘рибна опашка’ истата ги исполнува стандардите. Наводно, несреќата не била со голема брзина, но избувнал пожар. Имаме многу чуден настан – пожар, што мислам дека е главната причина за жртвите. Немаме објаснување како точно изгоре овој автобус”, додаде Комитова.

 

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе