Изборни занимливости

Магарешка фарма гласачко место во Нов Истевник

Во делчевското село Нов Истевник жителите гласаат во фарма за магариња. Таму е сместено единственото избирачко место за жителите на селото кое има околу сто гласачи. И заради тоа никој не прави проблем, бидејќи отсекогаш во овој објект жителите гласале. Проблем не се магарињата, туку фингер уредите кои тука не си ја вршат добро работата. Претседателот на избирачкиот одбор смета дека отпечатоците на жителите не се јасни за фингерпринтот зашто прстите им се бојосани од собирање ореви.

Репортажното јавување на новинар на Канал 5 од ова место беше лоцирано на неколку чекори пред некогашното основно училиште во селото, во кое се одвива гласањето. Објектот одамна не е училиште, уште од 1995 година, зашто снемало доволно деца од прво до четврто одделение. Еден од жителите го купил објектот и го претворил во фарма за магариња. Сега низ прозорците не се гледаат училишни клупи и детски лица, туку стогови сено кое зимава вредно ќе го јадат магарињата.

Инаку, станува збор за избирачкото место број 0593. Се гласа во една од просториите во која некогаш седеле наставниците. Тука биле донесени уредите за биометриска идентификација на гласачите, но избирачкиот одбор заклучил дека практично не ги читаат отпечатоците на прстите на соселаните, ниту десниот, ниту левиот прст, бидејќи деновиве тие интензивно собираат ореви и прстите им се бојосани од овој плод. 

Велат дека никој досега не правел проблем затоа што се гласа во магарешка фарма, проблем немало ниту од ОБСЕ.

Инаку, селото Нов Истевник за јавноста стана познато во времето на летните катастрофални пожари кога огнот беше стигнат до првите куќи од селото, а пожарникарите, заедно со австриските и словенечките колеги, со денови се бореа да го спасат ова мало населено мест.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе