Во градот под заштита на УНЕСКО

„Ма иди у п...у матер“, му рече советникот на ДУИ во Охрид и инвеститор на дивоградба на новинар

„Мамицата да ти ја е..м! Ма иди во п...у матер. Која дивоградба п.....“, му рекол советникот на ДУИ Нефи Усеини на новинарот на А1он.мк кој сакал да го праша за продолжувањето со градежните активности на еден објект во заштитената зона на Охрид и покрај решението за уривање.

Летната тераса на објект на плоштадот Чинар почна да се гради на 9 март. На 25 март беше донесено решение за уривање, со рок од 10 дена инвеститорот тоа сам да си го направи. Но инвеститорот, Нефи Усеини, советник на ДУИ во општина Охрид, по завршувањето на изборите за градоначалник, продолжи со завршните работи на летната тераса.

Актуелниот градоначалник Константин Георгиевски пред изборите вети дека штом биде распишан тендерот за избор на фирма за уривање на дивоградбата, решението за уривање на летната тераса на Усеини ќе биде спроведено. Тендерот не е распишан, а градежните активности продолжуваат.

Локалните медиуми оваа толерантност на градоначалникот Георгиевски ја толкуваат со предизборниот меѓупартиски договор меѓу СДСМ и ДУИ за поддршка на неговата кандидатура за прв човек на општината.

Советникот Усеини во предизборието беше пријавен во полиција од инспектор од Скопје за попречување на инспекцискиот надзор на дивоградба во заштитеното јадро на Охрид.  И по речиси еден месец никој не го гони Усеини.

„Испративме известување до ОЈО со кое го запознавме за настанот како и изјавите на двете страни. Обвинителството ќе треба да утврди дали постои одговорност и дали ќе го гони Усеини“, изјавија од СВР Охрид.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе