Анкета

М-Проспект: ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ, Заев пред Мицкоски

Секој трет граѓанин во земјава, или 30,1 отсто, нема доверба во ниту еден политичар. Со мал пад, премиерот Зоран Заев останува политичар со највисок рејтинг. Вкупно 18,3 отсто од граѓаните се изјасниле дека имаат доверба во Заев.

По потпишувањето на Преспанскиот договор и менувањето на името на државата се забележува раст на рејтингот на Христијан Мицкоски, во кого доверба имаат 11,7 проценти, покажа најновото истражување на М-Проспект, спроведено две години од мандатот на Владата.

И етничките Македонци и етничките Албанци во најголем процент не веруваат во ниту еден политичар (28,8 отсто од етничките Македонци и 33,2 процента од етничките Албанци). Етничките Македонци го преферираат Заев (21,3 отсто), а 16,1 проценти имаат најголема доверба во Христијан Мицкоски, покажува анкетата. Етничките Албанци најмногу го избираат Али Ахмети (18,2 отсто), потоа го избираат Зијадин Села (15,9). За Зоран Заев се изјаснуваат 9,3, а за Билал Касами 8,4 проценти од испитаниците.

Доколку утре се одржат парламентарни избори, 25 отсто од испитаниците се изјасниле дека би гласале за ВМРО- ДПМНЕ, додека за СДСМ би гласале 23,1 проценти. За ДУИ би гласале 5,1, за Алијанса за Албанците (АА) 4,2, а за БЕСА 2,1 отсто од граѓаните.

Споредено со резултатите од пред една година, може да се забележи дека гласовите за СДСМ се намалени (25,5 отсто во 2018-та), а за ВМРО-ДПМНЕ се зголемени (20,6 во 2018-та). Секој трет етнички Македонец би гласал за ВМРО-ДПМНЕ, или 34 отсто, додека 26,6 проценти би гласале за СДСМ. Од етничките Албанци 10,8 отсто би гласале за СДСМ, 22,6 за ДУИ, 19,3 за АА и 9,8 за БЕСА.

М-Проспект го реализира истражувањето на јавното мислење во периодот 15 мај – 7 јуни 2019 година, на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници постари од 18 години. 

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе