Комисија за верификација на факти

Лустрирани уште седуммина за предметот на Ченто

Комисијата за верификација на факти на денешната седница прогласи седум лица за прекршители на човековите права и слободи од идеолошко-политички причини поврзани со предметот на Методија Андонов Ченто, прв претседател на президиумот на АСНОМ.

Комисијата утврдила дека станува збор за три службени лица на ОЗНА, двајца јавни обвинители, од кои едниот бил јавен обвинител на Македонија и двајца соработници на тогашната тајна служба, јави МИА.

Едно лице од овие седуммина е живо, според информациите што Лустрациската комисија ги добила од Управата за водење матични книги.

Со претходните шест судии досега за предметот на Методија Андонов – Ченто се лустрирани 13 лица. Комисијата во врска со случајот Ченто врши дополнителни проверки на повеќе лица.

Управниот суд, пак, пред новогодишните празници, како што изјави портпаролот на комисијата, Предраг Димитровски, потврдил уште шест одлуки на комисијата.

Со тоа вкупниот број на потврдените одлуки на комисијата е седум. Љубомир Фишиќ, поранешен носител на јавна функција, советник на републичкиот секретар за внатрешни работи, беше лустриран за давање информации за лице обработувано од тајните служби под псевдонимот „Ѕвечарка“. Вториот е Славе Рајовски, кој беше кандидат за советник во Општина Чучер Сандево на последните локални избори, а фигурирал како соработник на тајните служби под псевдонимот „Теолог“, и работел со лица поврзани со српскиот радикализам, потоа Милован Стефановски, писател како поранешен член на Совет на радиодифузија, соработник под псевдоним „Превер“, кој давал информации за лица од културата како Михаил Ренџов, Атанас Вангелов, Симон Дракул, Гане Тодоровски, Божин Павловски…, Исак Ајрули, поранешен советник во Општина Боговиње, соработник на тајните служби под псевдоним „Зенит“, кој бил ангажиран за лица осомничени за настапување од позиции на албански национализам и иредентизам, Зоран Јовановски, поранешен советник во Општина Росоман, кој работел под псевдонимот „Референт“, и бил ангажиран за лица осомничени за српски национализам и радикализам и Фередин Мифтари, заменик-директор на Затворот Скопје, кој работел под псевдонимот „Кореограф“.

 

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе