Истражување на Галуп

Луѓето од сите континенти имаат заедничка надеж за поактивна ЕУ, во Македонија најпопуларен светски лидер е Ердоган

Глобалнo, граѓаните и натаму имаат позитивна оценка за меѓународните политики на Европската Унија, која e единствената суперсила што се смета и за стабилизирачка сила, покажа 43-то глобално истражување на Галуп интернешнл на тема „Светски лидери“. Во Македонија на прво место од светските лидери е турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган (60%), па следуваат германската канцеларка Ангела Меркел (54%) и рускиот претседател Владимир Путин (47%).

Оваа најнова анкета „Kрајот на годината” спроведена од Меѓународната асоцијација Галуп – агенција на Галуп интернешнл (вкупно 45.676 лица од 50 земји беа интервјуирани на глобално ниво) покажа дека луѓето од сите контитенти споделуваат заедничка надеж за поактивна Европска Унија.

Германската канцеларка Ангела Меркел веќе втора година по ред води на рејтинг листата на глобалните лидери во светот. Веднаш по неа е францускиот претседател Макрон кој беше прв на оваа листа пред три години кога беше новоизбран претседател. Овие двајца европски лидери се единствените што позитивно се оценети во ова истражување кое опфаќа 50 земји (и приближно две третини од глобалното население).

И американскиот и рускиот претседател постигнаа исти негативни перцепции како и минатата година (минус 27 и минус 17), а рејтингот на израелскиот премиер Нетанјаху е во опаѓање.

Иако не е политички лидер, папата Франсис продолжува да биде најповолно прифатен лидер во светот.

Глобалнo, граѓаните и натаму имаат позитивна оценка за меѓународните политики на ЕУ. Споредено со пред една година, ЕУ добива на интензитет (зголемување на нето-оценката од 14 на 22). Во меѓувреме, меѓународните политики и на САД и на Русија и понатаму се сметаат за дестабилизирачки во светот (иако тие покажуваат мало подобрување од минатата година). Кина одржува малку подобра позиција, но сепак во негативниот дел од скалата (минус 9).

Конечно, мнозинството глобални граѓани не очекуваат претседателот Трамп да биде реизбран во ноември, но тука мислењето премногу варира меѓу земјите и наместо тоа да биде предвидливо, се чини дека ги рефлектира националните ставови. Анкетата беше спроведена пред крајот на процесот за „импичмент“, па сега овие ставови може и да се променети.

Канчо Стојчев, претседател на Галуп интернешнл вели: „Луѓето од сите континенти имаат заедничка надеж за поактивна Европска Унија, вклучена повеќе во меѓународните случувања затоа што граѓаните ја гледаат зголемената конфронтација и поделба на глобалната сцена. Европската „мека” моќ е попривлечна за мнозинството oд демократскиот свет, но во исто време луѓето стравуваат дека оваа моќ може да биде премногу мека за тешката меѓународна реалност во која живееме. Европа сега е можеби на најсудниот крстопат меѓу САД, Русија и Кина и нејзината судбина како независен глобален играч зависи од можноста на елитите од Стариот континент да ги реформираат и обединат граѓаните. Европа е културна татковина и за САД и за Русија; да се балансира меѓу нив, бара високо квалитетни маневрирања. Но, ако подемот на Кина продолжи заедно со американско-руската конфронтација, стабилизирачката улога на ЕУ ќе стане централна за светот. Дали ЕУ е подготвена за тоа? “

И Македонија беше дел од ова глобално истражување. Анкетата што ја спроведе Брима со 1.210 испитаници, лице-в-лице, во домот на испитаникот, ги рефлектира очекувањата на анкетираните за 2019 година .

На прашањето „Ве молиме наведете дали имате многу благонаклоно, донекаде благонаклоно, донекаде не благонаклоно, или многу неблагонаклоно мислење за секој од следните светски лидери?“, 60% од испитаниците во нашата земја се изјасниле дека имаат благонаклоно или донекаде благонаклоно мислење за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој е на врвот на оваа листа, а веднаш зад него (54%) е германската канцеларка Ангела Меркел каде во поголемиот дел од светот е рангирана на првото место. 47% од испитаниците во земјава имаат позитивно мислење за рускиот претседател Владимир Путин, а за американскиот претседател Доналд Трамп 42% од испитаниците.

Во секоја земја, националниот примерок опфаќа околу 1.000 мажи и жени кои беа интервјуирани или лице-в-лице, преку телефон или онлајн. Теренската работа е спроведена во текот на октомври-декември 2019 година. Севкупната маргина на грешка изнесува 3-5% со ниво на доверба од 95%.

Во Македонија, Брима спроведе теренска анкета, лице в лице, во домот на испитаникот, на национално репрезентативен примерок со 1.210 испитаници на возраст 15+ години, во период од 26 ноември до 9 декември 2019, со маргина на грешка од +/- 3% со ниво на доверба од 95%.

Глобалниот просек е пресметан според уделот на опфатената возрасна популација од испитаните земји.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе