СООПШТЕНИЕ

ЛП: Груевски не сака договор, Заев треба да ја пушти бомбата за Монструм

Епилогот од Брисел уште еднаш покажа дека Никола Груевски не сака договор. Конкретно, се потврди дека Груевски не помислува да си оди од Владата, која е извор на кризата, вели Либералната партија во соопштение до медиумите и додава дека го поддржува вчерашниот пристап на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на преговорите во Брисел.

Според партијата, јасно е дека решението за преодната влада треба да се бара и надвор од сегашниот владин состав, особено надвор од постојниот состав во Владата од ВМРО-ДПМНЕ.

По Брисел, јасно е дека пред преодната Влада претстојат огромни обврски за деконтаминација на системот за создавање минимум неопходни услови за фер и демократски избори.

Оттука, за Либералната партија јасно е дека преодната Влада треба да има мандат од 12 до 18 месеци од денот на нејзиниот избор.

Според Либералната партија, во претстојниот период е неопходно да се покрене независна истрага за настаните од 9 и 10 мај во Куманово, во која ќе учествуваат компетентни лица од меѓународната заедница.

Укажуваме дека расветлувањето на кумановскиот случај е од значење не само за Македонија и македонското општество, туку и од регионално значење, вели ЛП. Водејќи се од фактот што тековната криза е и политичка и институционална, а нејзин извор е Владата на Никола Груевски и лично премиерот, Либералната партија го охрабрува лидерот на СДСМ да ги објави и содржините со кои располага во однос на случајот „Монструм“ и други случаи што ги допираат меѓуетничките односи. Така ќе зајакне меѓусебната доверба меѓу граѓаните Македонци и Албанци и ќе зајакне кохезијата во општеството, вели партијата.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе