И покрај тоа што по трет пат Мисијата на УНЕСКО препорачува природното и културно наследство на Охридскиот регион да биде ставено на листата на Светско наследство во опасност, оваа Владата избегнува да преземе конкретни мерки и се потпираше на политичко додворување, рече Љутков и ги наброја забелешките од УНЕСКО.
„Со оглед на тоа дека Охрискиот регион е загрозен само и единствено од човечкиот фактор, односно од лошото менаџирање, неспроведување на законски регулативи, загадување и многу други кои се во целост предизвикани од несоодветното работење на надлежните институции, ставањето на природното и културното богатство на Охридскиот регион на УНЕСКО-вата листа на светско наследство во опасност ќе ја информира целата меѓународна зедница дека власта во Македонија претставува најголемата опасност и закана за Охридскиот регион“, нагласи Љутков.
На листата на раководни органи и лица кои не сторија ништо за зачувување на природното и културно наследство Љутков ги наброја: Министерството за култура, Министерство за животна средина, Министерство за транспорт и врски, општините Охрид, Струга и Дебарца, Завод за заштита на споменици на културата и Музеј-Охрид, НУ Музеј „д-р Никола Незлобински" – Струга, Национален парк – Галичица и Институ за хидробиологија – Охрид.
„ВМРО-ДПМНЕ бара итно превземање одговорност за овој светски скандал, односно оставки на ресорните министри и раководни лица од оваа несовесна влада“, рече Љутков на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.