Љупчо Николовски: Парламентарното мнозинство ќе продолжи да расте

Парламентарното мнозинство ќе продолжи да расте и да работи и во наредниот период, изјави вечерва Љупчо Николовски во својство на генерален секретар на СДСМ.

Во емисијата „Топ тема" на телевизија Телма, одговарајќи на прашања во својство на генерален секретар на партијата, рече дека се е во ред со парламентарното мнозинство.

„Се е нормално со парламентарното мнозинство и со коалиционите партнери. Имаме 14 политички партии внатре во коалицијата во Парламентот и 27 вкупно, меѓутоа сите цврсто стојат зад политичките определби, програмата и сето она што оваа Влада го спроведува“, истакна Николовски.

Во однос на претстојниот конгрес на партијата што треба да се одржи во мај, а на кој треба да биде избран новиот лидер, Николовски рече дека има само една кандидатура за иден лидер на партија, а тоа е на актуелниот претседател Зоран Заев.

„Една кадидатура е. Нема друга што е поднесена до Централната изборна комисија и токму затоа во среда, на 10 март, ќе го затвориме избирачкиот список и ќе ја започнеме постапката за евидентирање на членови на Централен и Надзорен одбор. Ќе понудиме нов квалитет, нови капацитети, луѓе со огромен потенцијал“, рече Николовски.

Според последните податоци за ажурирање на членството, како што рече, партијата брои околу 81 илјада.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе