Љупчо Николовски: Нема недопирливи во борбата против корупцијата

Заменик на претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска изјави дека нема недопирливи во борбата против корупцијата одговарајќи на пратенички прашања во однос на случаи кога се засеганти министри, функционери или лица именувани од оваа Влада. Конкретно тој одговараше за случаи поврзани со министерката за образование Мила Царовска и за разрешениот директор на струшката болница.

„Во однос на прашањето што беше за министерката Мила Царовска, во конкретниот случај со ингеренциите што ги имаме како Влада не е констатирано прекршување на ниту една одредба од новиот Кодекс за однесување на функционерите, а како што знаете во секој еден случај кога имаше потврда низ постапка, кога имаше прекршување имаше и разрешување на носители на функции. Но, помина и времето кога почитувани пратеници кога институциите не смееа имињата да им ги споменат на некои функционери, министри или на некои блиски луѓе на власта а не па да влегуваат и да бараат документи и да истражуваат како што тоа денес се случува во рамки на сите институции, а беше потврдено и од страна на премиерот“, рече Николовски.

Вицепремиерот истакна дека тој не може да покрене истражни дејствија, кога поделбата на власта е јасна.

„Мислам дека тоа треба да го знаете пред да влезете и да се кандидирате за пратеник“, рече Николовски.

Во однос на сучајот со сега веќе разрешениот директор на струшката болница Асани, вицепремиерот кажа дека пред ВМРО-ДПМНЕ да каже „еден збор" за овој случај како заменик претседател на Владата во чија надлежност е примената на Кодексот за однесување биле покренати соодветни постапки, пред кој било медиум и новинар и опозицијата тоа да го изнесе.

„Прв сум којшто излезе за овој случај и кажа и побара Државниот инспекторат за здравствена заштита да ги спроведе сите контроли и веднаш експерно од 24 часа беше издадено решение за забрана на просториите каде што се одвивале нелегално дејствијата или работата на ординацијата. Беа покренати постапки од надлежните институции а под наша координација за да се покренат и да се информираат јавните обвинителства и сите оние кои се месно и стварно надлежни да реагираат. И тоа е завршено. И се спроведе постапка преку Министерството за дравство и се донесоа решенија за смена на директорот“, рече Николовски.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе