ПРОФЕСОРОТ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Људмил Спасов: Законот за употребата на јазиците со ништо не го загрозува македонскиот јазик

Законот за употребата на јазиците не го загрозува македонскиот јазик, за кој има посебен закон, Закон за македонски јазик, кој неколку пати досега беше менуван и дополнуван, вели во изјавата за МКД.мк професорот Људмил Спасов, претседател на Советот за македонски јазик.

Људмил Спасов

„Тој закон, Законот за македонски јазик, е застарен и неопходна е повторно негова измена, особено во однос на примената во оние средини каде што Македонците се повеќе од 20 отсто од населението. И она што е многу важно, примената на овој закон е катастрофална, административната примена на овој закон, во медиумите и натписите на фирмите по градовите и сообраќајните знаци“, вели Спасов.

Тој смета дека Предлог-законот за употребата на јазиците ги уредува многубројните нејаснотии што останаа отворени по 2001 година и намерните или ненамерни применувања на досега договорените работи.

„Овие измени во законот се обидуваат тоа да го средат. Се разбира дека и тука има некои негативни страни за кои треба да се дискутира на стручно ниво, но позитивната страна е примената на европската практика во решавањето на овие јазични проблеми. Има работи што допрва треба да се дотераат, да се допрецизира примената, на пример, на српскиот, турскиот, ромскиот јазик во општините каде што овие граѓани се повеќе од 20 отсто од населението. Нормално е работите околу овој закон да се исполитизираат, емотивно да се реагира... јас тоа го разбирам. Но некои работи треба да се дообјаснат, да се докажат, да се види дека овој закон со ништо не го загрозува македонскиот јазик. Никаде во новиот закон за јазиците нема дека во Струмица, на пример, ќе мора да се учи албанскиот јазик. Такво нешто нема. И треба да се внимава на доследната примена на законските одредби и нивното спроведување“.

Професорот Спасов додава дека е важно тоа што со измените во овој закон се прави обид да се затворат сите отворени прашања, сите недоречености, сите нејаснотии што висеа, а никој не ги решаваше.

„Досега, ќе се согласите, беше хаос во тој поглед. Е сега веќе нема да биде така. Потребен е сериозен и искрен пристап во решавањето на сите овие нејаснотии околу јазичните прашања. Ние како Совет на македонскиот јазик ги презентиравме мерките што ќе ги преземеме во правец на заштитата и афирмацијата на македонскиот јазик. Овие мерки се наменети токму за афирмација на македонскиот јазик во неговата стандардна форма. Тие мерки се наменети за сите и за целосна примена и афирмација на македонскиот јазик“, рече Људмил Спасов.

А.Д. 

 

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе