Љубчо Георгиевски ѝ оддава признание на Бугарија за ослободувањето на Скопје

Претседателот на ВМРО-Народна партија и некогашен премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски со ден задоцнување од одбележувањето на Денот на ослободувањето на Скопје, упати порака дека неговата партија се приклучува кон честитките и порачува дека Скопје било ослободено од германски и албански фашисти со помош на бугарска војска. Наспроти ваквото тврдење, во историјата, како и во сведоштвата на генералот Михајло Апостолски и на првоборецот Боро Чушкар, е запишано дека партизаните не ѝ дозволиле на бугарската војска да влезе во градот.

„ВМРО-Народна партија се приклучува кон честитките по повод 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје. На тој ден македонските партизани со помош на првата бугарска армија во тешка борба ги разбија германските и албанските фашисти кои во тој момент го држеле градот под контрола“, напиша Љубчо Георгиевски на Фејсбук, а истиот текст е поставен и на фејсбук страницата на партијата.

Инаку, Скопје беше под бугарска окупација за време на Втората светска војна, а во 1944 година, кога се наѕираше крајот на војната и кога руската армија пристигна блиску до Бугарија, Софија го напушта сојузот со фашистичка Германија и на нивната војска и е дозволено да влезе на страна на антифашистичката коалиција.

Но, Главниот штаб на македонските вооружени сили не ѝ дозволи на бугарската војска да влезе во Скопје и таа била запрена кај Катланово. Генералот на македонските војски Михајло Апостолски наредил под никоја цена да не се дозволи влез на бугарска војска во Скопје. Радио Софија во тоа време ширела дезинформации дека бугарската војска учествува во борбите за ослободување на Скопје, а бугарски историчари веднаш запишале дека Бугарија го ослободила Скопје.

Во запишаното сеќавање на учесникот во АСНОМ, првоборецот Боро Чушкар се вели дека на бугарскиот генерал кој ја предводел неговата војска, му билко кажано дека македонските партизани ќе пукаат во нив од сите орудија ако не се повлечат од Скопје, зашто во годините на војната извршиле многу фашистички ѕверства како во Скопје, така и во Македонија.

Не е првпат Љубчо Георгиевски да предизвикува внимание со тврдења за заедничка историја со Бугарија. Тој  неодамна предложи на државно ниво да се одбележува 29 ноември (случајно некогашен голем празник - Денот на Југославија од 1943 година), кога како што вели, по еден батаљон македонски и бугарски разбиле македонски четници во кумановско. И уште има тврдења за помал број на партизани отколку што вели историјата. 

Исто така, различни се и неговите тврдења за улогата на Ванчо Михајлов, уште од времето кога беше лидер на ВМРО-ДПМНЕ, па така и не се огласи со негативни коментари во врска со именувањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Од контроверзната личност на Михајлов и актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не се огради и се повика на континуитет со историското ВМРО.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе