Реакции

Љубчо Георгиевски: Бугарија ги суспендира договорите од 1999 и 2017 година

Најновиот ултиматум од Бугарската влада го доживувам како суспендирање на Декларацијата за пријателство од 1999 година и Договорот за добрососедство од 2017 година, напиша на својот фејсбук-профил Љубчо Георгивски, поранешниот премиер на Македонија кој е потписник на договорот од 1999 година.

Заедничка реакција вчера имаа и дел од бугарските и македонските интелектуалци. Тие велат дека тонот на т.н. рамковна позиција на бугарските власти е недозволив бидејќи го загрозуваат добрососедството. Според нив, најзагрижувачко е негирањето и потценувањето на македонската култура и политичкиот и културниот идентитет.

„Во неа се содржани голем број вознемирувачки и проблематични барања. Од научна перспектива, контроверзно е разбирањето на ‘нашата заедничка историја до 1944 година’ бидејќи во неколку наврати се смета за историја на само еден народ – бугарскиот народ... Ова е враќање на јазикот на национал-комунизамот што е апсолутно недопустиво. Разумни утврдените услови за забрзување на работата на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања и постигнување на побрзи резултати од неа, како и за поголем општествен одѕив од нејзината работа. Но навистина е наумесно веќе постигнатите договори да се одразуваат во различни информативни табли со историска насоченост, во наставни програми во одредени дисциплини на училиште, на споменици, плочи, гробишта и сл., како и во изјави и коментари на државници, политички фигури и медиуми, поврзани со одразување на историски настани. Заедно со тоа, не може да не констатираме дека целокупниот тон на таканаречената „рамковна позиција" кон Република Македонија е недопустлив“, се посочува во писмото.

За најновите барања на Бугарија, министерот за надворешни работи Никола Димитров, вчера рече дека основата на целиот процес треба да биде заемното разбирање.

„За нас многу е важен нашиот македонски идентитет, македонскиот народ, македонскиот јазик, тоа разбирање, а заедничката историја мора да оди заедно со денешнината. Јас не мислам дека ова може да биде доведено во прашање или да биде услов за нашиот пат кон Европа. Не смее да биде, не во 2019 година и не во ЕУ. Ние имаме право на самоопределување и мислам дека визијата на Софија ќе се поклопи со нашата визија со заедничко разбирање за грижата на другиот“, изјавиДимитров.

Најновите барања на Бугарија подразбираат Македонија да се откаже од користење на терминот „македонски јазик“, а ЕУ да ја користи формулацијата „службен јазик на Република Северна Македонија“ и дека доколку е неопходно пишувањето „македонски јазик“ тоа да биде пропратено со ѕвездичка и појаснување „според Уставот на Република Северна Македонија“, да се бришат написи на споменици и делови во учебници каде стои фразата „бугарски фашистички окупатор“, да нема обиди за признавање на македонско малцинство, а во медиумите да нема говор на омраза против граѓани со бугарска самосвест.

И професорката Јасна Котеска се јави со реакција на овие најнови информации од Бугарија. Таа смета дека Преспанскиот договор е огромно промашување, а премиерот и шефот на дипломатијата се штетни и неспособни.

„Да молчев кога ВМРО хараа (2008-2016) ќе морав и сега. Да молчев кога СДСМ надградена (2016-) злоставуваат неистомисленици, ќе морав и сега. Не молчев, ерго не морам ни сега.

Северна е епско промашување, а Димитров и Заев неспособни и историски штетни”, напиша Котевска.

„Ви рековме пред 2+ години дека спогодбата од Преспа и договорите со соседите се погрешни чекори во надворешната политика од луѓе кои не знаат што прават”, коментира Котеска.

 

 

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе