ФУНКЦИОНЕРИ, ДИРЕКТОРИ, БИЗНИСМЕНИ, ОБВИНИТЕЛИ

Листа на помилувани од Иванов

По вчерашната одлуката на претседателот Ѓорге Иванов, денеска во „Службен весник“ беа објавени повеќе имиња за кои е потпишано помилување-ослободување од гонење без спроведување на постапката. Еве дел од листата, каде се и функционери, екс премиери, моментални и поранешни директори, началници, бизнисмени, обвинители... :

Бивш премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски;

Ексдиректорот на Управата за контраразузнавање, Сашо Мијалков;

Бившата министерка за полиција Гордана Јанкуловска;

Бившиот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески;

Шефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протуѓер;

Вработен во обезбедувањето на Груевски, Дејан Митровски – Урко;

Лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев;

Ексразузнавачот Зоран Верушевски;

Сопругата на Верушевски, Соња;

Службеникот од Општина Струмица Бранко Палифров;

Бившиот премиер и претседател, Бранко Црвенковски;

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски;

Секретарот на Владата, Кирил Божиновски;

Началникот на петтата управа на МВР, Горан Грујоски;

Бизнисменот и директор на „Дајнерс“, Божидар Јанковски (Бобо – Дајнерс);

Ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност на МВР, Љупчо Тодоровски-Радникот;

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи;

Членот на ДИК од ДПА, Бедредин Ибраими;

Специјалните јавни обвинители Фатиме Фетаи, Лиле Стефанова и Гаврил Бубески;

Директори на компании што се јавуваат како сопственици на неколку медиуми блиски до власта, Христијан Панев, Коста Крпач, Владислав Стајковиќ;

Претседател на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева;

Државјанинот на Израел споменат во „бомбите“ за провизии при купување опрема од еврејската држава, Хаик Хакијни;

Директорот во Телеком, Жарко Луковски;

Главен директор за техника и ИТ на Телеком, Мирослав Јовановиќ;

Судијка во Вишиот управен суд што се споменува во една од „бомбите“, Светлана Костова;

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски;

Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски;

Бившиот градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ;

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески;

Директорот на затворот „Идризово“, Живко Пејковски;

Вработен во полициската станица „Бе-Ко“, Мунир Пепиќ (во „бомбите“ споменат како „Пепиќ - оној што ни ги прави личните карти“)

Градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко;

Претседател на изборна комисија Центар, осомничен во „Титаник“,  Коста Митровски; 

Член на Општинската изборна комисија во Чаир, осомничен во акцијата Титаник, Исмет Гури;

Инаку, Иванов во својата одлука за помилување неколку функционери амнестирал пред спроведување на постапка и по повеќе пати. Пример, Јанакиески е рекордер и бил помилуван 16 пати, а веднаш зад него е Јанкуловска за која Иванов потпишал дури 11 помилувања. Иванов го помилувал Мијалков 6 пати, Протуѓер и Груевски по 5 пати, 3 помилувања за Грујоски, по две за Заев, Верушевски и Мишева...

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе