Партиски трансфер по судирот со Биљал Касами

Лиридон Усеини, кој ја напушти Беса, премина во Алтернатива

Лиридон Усеини премина во Алтернатива. Тој подолго време беше во судир со раководството на движењето Беса, а во мај годинава поднесе оставка на сите функции - лидер на Младинскиот форум на партијата, член на Централното претседателство на Беса, како и од сите органи и тела на оваа партија која е во владина коалиција со СДСМ. Усеини останува на функцијата претседател на Советот на општината Желино. 

Лиридон Усеини деновиве се појави на партиски состанок на разгранокот на Алтернатива во Желино, а на фотографијата се гледа дека седи веднаш до лидерот Африм Гаши.

Инаку, кога Усеини ја напушти Беса во оставката напиша дека можеби некому ќе му изгледа нелогично да се напушти партија од власта, но нагласи дека одлуката ја донел за да го зачува достоинството и да не се помири со неправдата што раководството на Беса, на чело со претседателот Биљал Касами, ја прави кон младите и пообразувани кадри од нив самите, а на кои не им се доверуваат функции во партијата и во општестото.

Движењето Беса кое се залагаше за унапредување на позицијата на Албанците, во последно време практично не постои, напиша тогаш Усеини и додаде: „Тоа е фирма што ја молзат оние што останаа таму и нејзиниот политички живот ќе трае до следните избори“.

Усеини во јануари во изјава за МКД.мк  јавно истапи против раководството на Беса и лидерот Касами и поради незадоволството меѓу членството најави можност цели разграноци да истапат од Беса.

Во Алтернатива не сакаат да го коментираат овој трансфер, но велат дека е добредојден секој кој ја прифаќа програмата на партијата и начинот на нејзиното дејствување.

На некој начин, преминувањето на Усеини во Алтернатива може да се разбере и како враќање во дел од старото јато. Движењето Беса беше формирано во 2014 година, кога за претседател беше избран Биљал Касами, а за генерален секретар Африм Гаши. Во 2018 година партијата се подели на два дела. Од судскиот спор за задржување на името на партијата пред две години се откажа крилото на Гаши, кое својот политички субјект го регистрира со името Алтернатива.

П.Џ.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе