Нов предизвик од внукот на Али Ахмети

Лимани: ДУИ ќе ја победиме ако од Беса, Алијанса и мојата структура направиме една партија

Фатмир Лимани, внукот на Али Ахмети, откако истапи од ДУИ и настапи самостојно на изборите за градоначалник во Кичево, најавува можност за обединување на неговата, како што вели, политичка структура со партите Беса и Алијанса, со цел победа на следните парламентарни избори и, нагласува, пораз на корумпираната и криминална група ДУИ. Во разговор за МКД:мк Лимани нагласува дека веќе имал десетина средби со високи претставници на двете опозициски партии на Алабнаците.

„Мојата политикча организација, мојот штаб, не е шега, јас како кандидат за градоначалник добив околу 5 илјади гласови на изборите во Кичево, ќе беше резултатот и многу подобар изборите да беа чесни, но тоа не беше можно кога таа структура, ДУИ, е во прашање“, вели Лимани за МКД.мк и нагласува дека веќе ја турка својата иницијатива и дека имал десетина средби со Беса и Алијанса за Албанците.

Лимани вели дека ќе разговара со својот политички штаб. Првично настојува штабот да се формира во своевиден огранок, кој потоа ќе влезе во политичката структура што ќе биде формирана од редот на опозицијата на Албанците.

„Начелно барам од Алијанса за Албанците и Беса да одиме заедно под услов да влеземе соединети, најдобро како една партија, но секако со една заедничка изборна листа. Овие (од ДУИ, н.з.) дваесет години 'играат' со нашата економија, со младите и со сето она што е сржта на државата и економијата и за нив треба да биде крај учеството во власта. Тие толку долго владејат зашто со маниупулации го окупираа и опозицискиот албански блок“, вели Лимани.

На каков одглас наишол неговиот предлог во двете опозициски партии, Лимани кусо одговара дека попозитивни вибрации чувствува кај Беса. Потсетува дека кај Алијанса за Албанците се очекува конгрес и дека се можни кадровски измени. Кај помладите структури во Алијанса тој насетува подготвеност за промени и нови идеи.

Лимани одрекува дека на средбите со двете партии се разговарало тој да биде лидер на евентуално новата партија.

„Али Ахмети е од Кичево, а лидер на албанската опозиција јас, исто така од Кичево? Не! Не оди тоа така. И им го реков тоа на средбите што ги имав и да велат така, реков дека нема да бидам“,  нѝ изјави Лимани, кој е внук на Ахмети и кој пред изборите ја напушти ДУИ иако во таквата намера се обиделе да го спречат и Ахмети и Муса Џафери, кој лично доаѓал во Кичево за да разговараат.

Единствената причина поради која излегол од ДУИ, вели Лимани, е што интегративците  не водат сметка ниту за младите, ниту за наставниците и професорите, ниту за никого, освен за себе и за прибирањето пари користејќи ги полугите на власта. 

П.Џамбазоски 

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе