Нецел месец по Мицкоски

И ликот на премиерот Ковачевски осамна низ Скопје

Нецел месец откако ликот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски осамна на билборди низ Скопје доцна синоќа истото му се случи и на премиерот Димитар Ковачевски. Дел од плакатите осамнаа во Ѓорче Петров, Железничка и под скопско Кале. За сега не се знае ниту кој ги поставил ниту кој е мотивот за оваа герила акција.

Ликот на премиерот Димитар Ковачевски синоќа осамна на повеќе локации низ Скопје. На плакатите освен ликот на Ковачевски се испишани пароли како што е онаа „Народот пати, Таче ќеш млати, куме златен во небрано си фатен". Дел од плакатите осамнаа во Ѓорче Петров, Железничка и под скопско Кале. За сега не се знае нито кој ги поставил овие плакати ниту кој е мотивот за оваа герила акција.

Пред нецел месец исто така во Скопје се појавија неколку билборди со ликот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на кои пишуваше - „Пари, тендери и бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, затоа ли се кавгите во Град Скопје? Кај е шпицниот градоначалник?"

Ова беше поврзувано со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска со која Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ влезе во отворен судир. Сепак подоцна, СДСМ призна дека стои зад оваа герила акција за која платила 16.000 евра.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе