Проблеми во ДУИ

Лика бара објаснување зошто не знае дека секретаријатот со кој управува ќе стане министерство

Хазби Лика, висок функционер на ДУИ и вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковниот договор, не знаел дека владината коалиција, а тоа значи и неговата партија, подготвува укинување на секретаријатот со кој тој управува и формирање на ново министерство. Лика бара објаснување за тоа. Од ДУИ реагираат на ова и велат дека човек кој е задолжен за спроведување на Рамковниот договор, а не доаѓа на работа нормално е и да не знае за оваа трансформација.

Хазби Лика од времето кога присуствуваше на владини седници

За ДУИ срамота е Лика да не знае за предлогот бидејќи тој е дел од платформата на партијата и дека бил избран на функцијата вицепремиер за Рамковен договор за да ја спроведе изборната програма, а не за да отсуствува од работа.

„ДУИ ја потсетува пошироката јавност во земјава дека иницијативата за унапредување и трансформирање на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор во министерство за политички систем и односи меѓу заедниците потекнува од квалитативната Анализа за Охридскиот договор од 2015 година, од изборната платформа на ДУИ „2020“, од Албанската платформа и од договорот за Влада. Пратениците, исто како и министрите кои се избрани во овој парламентарен и владин состав се избрани врз основа на ветената програма на изборите во 2016 година“, реагира ДУИ.

Лика повеќе од шест месеци не се појавува на работа, не присуствува на владини седници и за тоа нема никаква иницијатива за негово евентуално разрешување.

Лика официјално побарал средба со Ахмети и Заев за трансформацијата на Секретаријатот и обвини дека за тоа последен разбрал, односно не бил информиран ни од лидерот, ни од пратениците на ДУИ кои се предлагачи на законот кој денеска треба да се најде пред пратениците.

Еве дел од она што вчера Лика го напиша на својот фејсбук-профил:

,,Почитувани другари, соработници и сите вас кои жртвуваа и помагаа во славната војна на Ослободителната национална армија,

Почитувани членови, активисти, симпатизери, гласачи на Демократската унија за интеграција.

Поминаа речиси две децении од постигнувањето на Охридскиот мировен договор, како компромис за крај на конфликтот, спроведувањето на мирот и демократизацијата на општеството во тогашната Република Македонија. Сите обврски од овој договор сѐ уште не се спроведени...

Јас како претставник на ДУИ, Владата на Република Северна Македонија, во канцеларијата на заменик-премиерот со обврски за имплементација на Охридскиот договор и политичкиот систем, не сум информиран, ниту консултирани за иницијативата или за изготвување на овој закон...“.

 

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе