Лидерската средба заврши без никаков договор

Денешната средба на лидерите на парламентарни политички партии во Собранието заврши без консензус за уставните измени кои се услов за продолжување на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Од опозицијата изјавуваат дека власта нема слух за реалните проблеми на граѓаните и бараат предвремени избори.

Средбата траеше четири часа и заврши без согласност за условот за евроинтеграцијата на Македонија, а тоа е Бугарите и други националности да влезат во македонскиот Устав.

И покрај ова, за претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски средбата поминала во позитивна атмосфера на дијалог, но без заеднички заклучоци.

„Не е време за поделби, никој нема корист од тоа. Сега е вистински момент да се искористи шансата и со полн капацитет да ја реализираме поставената цел. Затоа и напоменав дека од корист ќе е формирање собраниска група за европски реформи која врз основа на Извештајот на Комисијата и скрининзите ќе се погрижи реформите поврзани со ЕУ преговорите да не бидат блокирани и да не доцнат. Националниот совет за евроинтеграции претседаван од опозицијата треба да биде вистинското место за тоа“, изјави по средбата Ковачевски.

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по средбата изјави дека за уставните измени нема консензус и дека е време за предвремени избори.

„Мнозинството нема мнозинство за уставни измени и водејќи се од овој заклучок, логичен след на настаните е парламентот да се распушти, да формираме техничка влада и да одиме на предвремени парламентарни избори. Тоа беше и од наша страна побарано на денешниот состанок откако стана очигледно дека немаме мнозинство кое би гласало за евентуални уставни измени кои ги предлага владиното мнозинство. Констатиравме дека ова е задоцнета средба и дека консензус и консултации со парламентарни политички партии се прави пред да се носат одлуки“, рече Мицкоски кој додаде дека го поддржале предлогот на лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов да се бара од бугарската влада признавање на македонското малцинство во Бугарија.

Али Ахмети, лидерот на ДУИ изјави дека на лидерската средба приоритет биле уставните измени, но и тоа дека се разговарало и за бришење на формулацијата „20 проценти“ од Уставот.

„Имаме потреба од повеќе конкретни чекори кон Европската Унија, и ние сме тие кои што бараме да бидеме дел од оваа унија, затоа што ни се поставуваат услови за членство – владеење на правото, судски реформи, борбата против криминалот и корупцијата...

На средбата не присуствуваа лидерите на Левица и Беса. Владејачката коалиција во Собранието која е составена од СДСМ, ДУИ, ДПА и Алтернатива имаат вкупно 64 пратеници. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ има 38 пратеници, Алијанса за Албанците 8 пратенци, Беса има 4, Левица 2.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе