Лидерска средба нема да има, се чека потврда

Лидерската средба што ја свика премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев за денеска нема да се одржи, но се чека официјална потврда, велат партиски извори.

Заев пред неколку дена ја најави лидерската средба на кој рече ќе се разговара за Законот за јавно обвинителство, за Пописот и за измените во изборниот законик, со можност за отворање и нови прашања, но ВМРО-ДПМНЕ остана на ставот дека Христијан Мицкоски ќе присуствува на лидерската средба само ако се разговара за предвремени парламентарни избори.

Претходно поканата ја прифатила претседателите на ДУИ и на Алијансата за Албанците, Али Ахмети и Зијадин Села.

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски синоќа по завршувањето на седницата на Централниот одбор на партијата за тоа како ќе постапат доколку  Мицкоски не дојде на средба и како ќе обезбедат двотретинско мнозинство за законот за Јавното обвинителство порача да се почека денешниот ден да се види исходот.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе