Берлин

Лидерите на земјите од Западен Балкан денеска на итен состанок со Меркел и Макрон

Македонскиот премиер Зоран Заев, заедно со лидерите а земјите од Западен Балкан попладнево во Берлин ќе имаат итен состанок со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон. Состанокот во Берлин, кој не е дел од Берлинскиот процес, е нова иницијатива на Меркел и Макрон. Иако станува збор за регионален настан, домаќините не кријат дека односите меѓу Србија и Косово ќе бидат главна тема.

Во Берлин попладнево ќе допатуваат и Александар Вучиќ од Србија, Еди Рама од Албанија, Хашим Тачи од Косово, Мило Ѓукановиќ од Црна Гора и Денис Звиздиќ од БиХ. На состанокот се поканети и премиерите на Словенија и Хрватска, Марјан Шарец и Андреј Пленковиќ, а како гостинка ќе присуствува и високата претставничка на ЕУ за безбедност и надворешна политика Федерика Могерини.

Состанокот во Берлин се случува по подолга блокада во дијалогот меѓу Белград и Приштина, откако Косово воведе царина од 100% на српските производи во ноември. Србија инсистира дека нема да продолжи со разговорите сѐ додека не бидат укинат царините, но досега никој не успеа да ги убеди властите во Косово да ја повлечат одлуката.

Проблеми има и во другите држави во регионот. Се протестира против Мило Ѓукановиќ во Црна Гора и против Еди Рама во Албанија, и како што пишуваат медиумите од регионот, единствена светла точка е Северна Македонија, која го потпиша пристапниот протокол за членство во НАТО и чека повик за почнување на преговорите за членство во ЕУ.

„Стабилноста на регионот е од голема важност за канцеларката Меркел и претседателот Макрон. Двајцата имаат намера да разговараат со повиканите за предизвиците со кои се соочува регионот, пред сѐ за односите меѓу Србија и Косово“, соопштија од кабинетот на Меркел во најавата на состанокот.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе