Самит на видео врска

Лидерите на ЕУ ја потврдија одлуката за почеток на преговори за членство со Македонија

Лидерите на Европската унија кои доцна вечерва одржаа самит преку видеконференциска врска, ја потврдија одлуката за започнување преговори со Македонија.

Информацијата ја објави Хрватското претседателство со ЕУ, како и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој оцени дека лидерите го потврдиле на највисоко ниво новиот пристап кон проширувањето.

„Денеска членовите на Европскиот совет ги усвоија заклучоците на советот за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Ова отвора нова страница за европскиот пат на Северна Македонија и Албанија и претставува историска одлука за нив, за ЕУ и за Хрватското претседателство бидејќи е остванеа една од нашите главни цели“, објави на Твитер Хрватското претседателство со ЕУ.

Според Вархеји, лодерите на ЕУ, освен одлуката за почеток на преговори ја потврдија и новата методологија.

„Ние ја почнуваме нашата работа околу преговарачките рамки, а знам дека реформите во двете земји продолжуваат. Иднината на Западниот Балкан е во ЕУ“, напиша Вархеји.

Одлуката на лидерите на ЕУ ја поздрави и американскиот државен секретар Мајк Помпео.

„Ја поздравуваме одлуката на Европскиот совет за отворање пристапни преговори со Албанија и со Северна Македонија. Соединетите држави ќе останат ваш партнер на секој чекор од овој пат“, напиша Помпео на Твитер.

 

 

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе