Потпишан договор

Лични карти и пасоши со „Северна Македонија“ ќе се издаваат од септември

Новите лични документи за македонските граѓани со името Република Северна Македонија ќе почнат да се издаваат од септември годинава, иако беше најавувано уште за крајот на минатата година. Со новите амандмани во нив ќе биде наведена и етничката припадност на малцинските заедници во државата.

Извори од МВР за МКД.мк информираат дека на 5 декември лани била склучена Рамковна спогодба, а една недела подоцна, на 11 декември и Договор нарачка склучен меѓу Министерството за внатрешни работи и и Veridos GmBH Berlin – Германија за испорака на обрасци за  лични документи.

Според МВР, завршена е набавката и испораката на постојни видови на обрасци за лични документи (патни исправи, лични карти, возачки дозволи, службен пасош, дипломатски пасош, пасош за странец, дозвола за привремен престој, дозвола за постојан престој) и набавката и испораката на нови видови на обрасци за лични документи (патни исправи, лични карти, возачки дозволи, службен пасош, дипломатски пасош, пасош за странец, дозвола за привремен престој, дозвола за постојан престој) за период од 01.01.2020 до 31.12.2021 година, со имплементирање на измените предвидени во Законот за употреба на јазиците и Уставните измени.

До септември, кога ќе почне издавањето на лични документи со новото уставно име, граѓаните ќе добиваат документи со Република Македонија кои ќе треба да се заменат најдоцна до 2024 година, наместо важноста од 10 години. Во овој период во пасошите со „Република Македонија“ важечки е печатот на кој пишува: „Оваа патна исправа ѝ припаѓа на Република Северна Македонија“.

Засега нема информации дали овој рок ќе биде продолжен, бидејќи во член 1, став 10 од Договорот од Преспа стои дека „преодниот рок за употреба на сложеното име во внатрешните документи издадени од земјата зависи од започнувањето на преговорите за пристапување“. Исто така, се наведува дека постои политички преоден период, односно дека промената на името на државата во документите за внатрешна употреба ќе се одвива согласно отворањето на поглавјата од преговорите со ЕУ и тоа треба да заврши во рок од пет години од отворањето.

Инаку, новите пасоши и лични карти кога ќе почнат да се издаваат ќе бидат на трошок на граѓаните.

Ж.П.Б.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе