МТСП

Лични асистенти ќе им помагаат на лицата со попреченост

На предлог на Министерството за труд и социјална политика, Владата на Република Македонија на денешната седница ја усвои Програмата за персонална асистенција на лица со попреченост за 2018 година, услуга која што се воведува првпат во Македонија и е целосно финансирана од Буџетот.

„Со оваа програма ќе се обезбеди персонална асистенција за 100 лица на возраст од 18 до 64 години, кои имаат потешка или најтешка физичка попреченост или лица со целосно оштетен вид. Личните асистенти  ќе им помагаат при извршувањето на секојдневните лични и домашни активности, при посета на високообразовни институции, неформално образование,  професионална рехабилитација или поддршка на работно место“, соопшти МТСП.

Асистентите ќе бидат лица кои поседуваат сертификат за завршена обука за стекнување со вештини за лична асистенција, верифицирана од ЈУ Центар за образование на возрасни. Во Оперативниот план за мерки и услуги за вработување за 2018 година се предвидени средства за обука на 100 невработени лица.

За реализација на Програмата, како што се додава во соопштението, издвоени се 17.500.000 денари од буџетот на МТСП.

Од МТСП уште додаваат дека преку Програмата за општинско корисна работа, на почетокот на учебната 2017/18 година, во соработка со Министерството за образование и наука, обезбеди средства за ангажирање на 106 образовни асистенти и 34 лични асистенти за деца кои посетуваат настава, со што е зајакната и поддршката на децата со попреченост во образовниот процес.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе