Лицата со попреченост ќе бидат опфатени со петтиот пакет мерки, најавува Шахпаска

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска информира дека дел од анализите во владините структури е и директната финансиска поддршка на лицата со попреченост во рамки на петтиот пакет мерки за справување со ковид кризата.  Според неа, во тек е анализа кои категории не биле воопшто опфатени со мерките.

„Разговараме овој последниот пакет, дел од лицата со попреченост кои што по друг основ не биле внесени во мерките за финансиска поддршка што ги дава Владата да бидат внесени во овој петтиот пакет. Како Министерство ја правиме анализата од она што го имаме како податоци во нашите регистри по различни основи. Не е тоа голема бројка, така да верувам дека малку остананале неопфатени, според нашите првични анализи, изјави денеска Шахпаска и додаде дека доаѓаат апели за поддршка на семејствата со деца кои посетуваат дневни центри.

Таа потсети дека и досега постоела индиректна помош за одредени категории на лица со попреченост.

„Имавме пензионери кои се и граѓани со попреченост, или примаат додаток за попреченост или додаток за помош и нега. Дел од другите се приматели на социјална пензија. Дел од нив се приматели на семејна пензија, дел од барателите кои се лица со попреченост се пријавени во Агенцијата за вработување“, рече Шахпаска.

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе