Лицата со 65 години старост, а помалку од 15 години стаж, ќе можат да го откупат стажот за да одат во пензија

Лицата кои навршиле 65 години, а немаат 15 години стаж поради тоа што не им биле платени дел од придонесите, ќе може да ги откупат годините стаж што им фалат за да може да се стекнат со старосна пензија, предвидува Предлог-законот што е на дневен ред на денешната собраниска седница.

Предлогот е поднесен од група пратеници од ДУИ, а како што појасни еден од предлагачите Реџаиљ Исмаили, иницијативата произлегува од барањата на граѓаните кои години наназад се соочуваат со ваков проблем.

Пратениците од опозицијата се изјаснија дека ќе го поддржат предлог-законот со оценка дека се работи за продолжување на законот што го донела ВМРО-ДПМНЕ во 2015 година. Истовремено, тие најавија амандмани во второто читање со цел да се подобри законското решение. Дел од нив имаа забелешка на периодот во кој се поднесува законот и сметаат дека се работи за предизборен закон за купување на гласови.

Според Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ, законот ќе предизвика финансиски импликации, на што реагираше Исмаили кој ги негираше ваквите тврдења со образожение дека со откупот на стажот ќе се слеат средства во Фондот на ПИОМ. Во однос на времето кога се поднесува законот, Исмаили појасни дека сега се предлага законот за да има континуитет по носењето на законот за стечајни работници.

 

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе