ФЕЈСБУК ГИ РАЗОТКРИ

Лица од ИВЗ фрлаат клетви и ловат зајаци и диви свињи

Поглаварот на ИВЗ со клетва му порача на прилепскиот градоначалник дека и него го чека судбината на неколкутемина што загинаа, а биле учесници во палењето на џамијата во Прилеп, а неговиот шеф на кабинетот се фотографира со уловени диви свињи, што според Куранот, исто како и клетвата, претставува сериозен грев.

Пораките и објавените фотографии на официјалниот Фејсбук профил на поглаварот на Исламската верска заедница, ефенди Сулејман Реџепи, предизвикаа бурни реакции во јавноста. Во однос на неговиот пост што содржеше и смртна закана кон прилепскиот градоначалник Марјан Ристески, се јавија и неколку интелектуалци Албанци што остро го осудија ваквиот потег на еден верски водач. Набргу потоа, поглаварот Реџепи на Фејсбук објави и фотографии на детенце со оружје во рака, што пак предизвика реакција на детската амбасада Меѓаши. Реџепи постираше и негова фотографија како ловец, со мртов зајак во едната, и пушка во другата рака.

Уште не се смирија страстите од ваквите потези на првиот човек на ИВЗ, се појавија ловечките фотографии на неговиот шеф на кабинетот Агрон Војника. Овојпат не се работи за лов на зајаци, туку на диви свињи.

Ова уште повеќе ги скандализира муслиманските верници чии реакции се почесто се содржани само во една реченица: ИВЗ не работи според исламските правила, туку е узурпирана од група луѓе што мислат само на лично богатење во име на верата и немаат ништо заедничко со исламот.

Според Куранот на сите муслимански верници им се забранува да ловат и да јадат свинско месо. Голем арам (грев) е да се лови, а уште поголем да се јаде свинско месо. Тоа смееш да го направиш само ако ти биде загрозен животот, ни велат познавачи на учењето на Куранот.

Но, Агрон Војника мисли поинаку. Тој вели дека фотографиите се стари, дека тие се пред тој да стане шеф на кабинетот на поглаварот на ИВЗ и дека убивањето диви свињи, кога се работи за сторени штети на селаните и нивниот имот – е дозволено.

„Нема никакви пречки во Куранот да се лови штетен дивеч. Фотографиите што ги имате се дел од хајка на ловци по диви свињи што предизвикувале штети по имотите на селаните“, вели Војника.

Сепак, оценките на интелектуалците Албанци за работењето на ИВЗ сепак отвора сериозни прашања за работата на заедницата. Политичкиот аналитичар Алајдин Демири смета дека заканата на поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи упатена кон прилепскиот градоначалник Марјан Ристески е дел од политичките игри пред претстојните претседателски избори. Верските тензии се дел од веќе испробаниот рецепт, вели аналитичарот. 

И за аналитичарот Рамадан Рамадани овие испади во јавноста во основа се плод на саморегрутирање во јавноста на врхушката на ИВЗ во текот на изборно-политички период на земјата. Долги години наназад нејзиниот челник, во изборна сезона, се промовира со разни испади во јавноста со намера да се истакне за да не биде заборавен како чинител. Новиот момент е дека сега веќе имаме работа со подоста одлепени појавувања, кои почнаа со позирањето во жолта облека. Мислам дека првиот момент кога ИВЗ ќе се среди да функционира нормално, јавноста ќе има прилика да дознае дека имало многу пожолти работи во неа, дури и од шолјата на Јанукович“, изјави Рамадани.

Р.М.

 

 

 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе