Реакција на годишнината од Преспанскиот договор

Левица: Со Преспанскиот договор станавме воена база на САД и НАТО

„Со т.н. Преспански договор, Република Македонија официјално почна да се користи како воена база на САД и НАТО. За прв пат се случи во нашата држава да парадираат и маршираат војски на туѓи држави, помеѓу нив беа и војските на окупаторските и фашистички држави од Втората светска војна. Истовремено, за овој империјалистички чин, македонскиот народ плати 2 отсто од БДП“, реагира Левица и порачува дека тој договор мора да биде поништен

Изминаа три години од потпишувањето на таканаречениот Преспански договор, со кој владејачките елити од двете страни на државата, поддржани од европските бирократи, директно го прекршија цивилизациското право на самоопределување на македонскиот народ. После три изминати години од оваа историска неправда, суштинските проблеми на нашата држава, како сиромаштијата, класната раслоеност, деградираната животна средина и криминалот не се решени, туку се продлабочени, како резултат на политиките водени од владејачката елита, реагира партијата Левица.

„Со овој договор, Република Македонија официјално почна да се користи како воена база на САД и НАТО. За прв пат се случи во нашата држава да парадираат и маршираат војски на туѓи држави, помеѓу нив беа и војските на окупаторските и фашистички држави од Втората светска војна. Истовремено, за овој империјалистички чин, македонскиот народ плати 2 отсто од БДП, односно 11 милијарди денари (колку што тој изнесува оваа година), додека нашиот стратешки партнер беше помогнат со дополнителни 210 милиони долари, народни пари, потрошени за вооружување", пишува во соопштението на партијата.

Според Левица, реалноста во која живее македонскиот народ, три години подоцна, ги исфрли на виделина сите ноторни лаги на политичкиот естаблишмент, изнесени во време на кампањата за промена на уставното име на Република Македонија.

           (На својот фејсбук - профил кусо реагираше лидерот на Левица)

„Европска перспектива ни од далеку не се гледа, користењето на правото на вето од соседните држави (членки на НАТО) е претворено во децениска пракса, додека Европската Унија постојано ги толерира фашисоидните постапки и национал-шовинистичките однесувања на нејзините членки кон македонската држава", нагласува Левица.

Самиот начин на кој беше извршена промената на името, преку амнестии за тешки криминали, погазување на народната волја и ослободување на криминалци и затвореници, според извештајот на „Економист", резултираше со прогласување на Македонија за хибриден режим, пишува во соопштението на партијата и се додава дека ова е јасен доказ дека новото нелегитимно име не е прифатено од обичните граѓани и не може да биде никаков гарант за просперитет или помирување.

„Помирување и солидарност помеѓу народите се гради единствено преку почитување на националното право на самоопределување на секој народ и соработка на работничката класа, а не преку договори склучени од криминалните елити, поддржани од империјалистички пакт кој го репродуцира национал-шовинизмот", се вели во соопштението на Левица по повод тригодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор и на карјот се нагласува:

„Преспанскиот договор беше донесен заради лукративните интереси на домашните и странските моќници, кои ја уништија социјалната држава и воспоставија владеење на олигархијата и криминалот – и како таков мора да биде поништен! Ниту една нација не може да биде слободна се додека опресира други нации. 

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе