Левица: СДСМ и ДУИ си молчат додека се вее знамето на цар Борис во Охрид

Додека Левица протестира во Охрид, владејачките СДСМ и ДУИ си молчат иако се вее знамето на фашистот цар Борис во Охрид, реагира партијата за односот на државата кон отворањето на бугарски клуб кој го носи името на фашистот „Цар Борис Трети“.

Фото: Роберт Атанасовски

„Ние сме организатори на протестот против фашистичкиот клуб. Денеска ја поднесуваме и иницијативата за референдум против пробугарскиот предлог. Денес сме сведоци како се вее знамето на цар Борис, додека немаме никаква осуда од Владата на СДСМ и ДУИ. Напротив, вчера и отворено МНР на Бујар Османи директно застана на страната на промоција на фашизмот и побара да се почитува правото на почитување на сите граѓани, дури и на оние кои негуваат фашистички вредности“, изјави генералната секретарка на партијата Јована Мојсоска.

Левица очекува нивниот предлог за референдум да помине и на народот да му се даде можност да се изјасни дали е против „уцените од страна на Бугарија".

„Ќе се бориме и понатаму. Очекуваме предлогот за референдум да помине и народот како што доликува на една демократска земја да се изјасни против сите овие уцени кои доаѓаат од страна на Бугарија со кои Македонија е принудена да се откаже од своето АСНОМ-ско минато“, рече Мојсоска.

Таа додаде дека во текот на вчерашниот ден од страна на полицијата бил вршен притисок врз членови на партијата и дека, како што рече, имало „експлицитно пречекорување на нивните овластувања".

На протестот во Охрид се приклучија и членови на охридскиот општински Совет од редовите на Левица и ВМРО-ДПМНЕ.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе