Левица поднесе кривична пријава против ЕВН за кражбите на струја во Арачиново

Партијата Левица денеска соопшти дека поднела кривична пријава против менаџерите на на Електродистрибуција (ЕВН) поради непријавување кражба на струја во скопското село Арачиново. Од партијата велат дека со тоа е сторена штета во износ од шест милиони евра на годишно ниво.

„Левица, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против двајцата менаџери, Сашо Салтировски и Јохен Хагеман, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Непријавување на кривично дело или сторител" со запретена затворска казна до три години. Пријавените се товарат дека во својство на службени лица, управители на компанија за снабдување со електрична енергија, во подолг временски период свесно и намерно прикривале и не пријавувале кражба на струја во поголем износ, односно незаконско користење електрична енергија од страна на жителите на општина Арачиново. Со толерирање на илегалните приклучоци на електродистрибутивната мрежа, сторена е штета во износ од шест милиони евра на годишно ниво", велат од партијата.

Од Левица очекуваат надлежното скопско обвинителство „сериозно да ја земе во работа кривична пријава и по неопходниот распит на пријавените, како и по комплетирање на целокупната релевантна документација за ова продолжено кривично дело, да покрене обвинение против актуелните управители на ЕВН".

„Со ова, еднаш-засекогаш би се ставил крај на сè позачестената неказнивост на дивите приклучоци на струја во оваа конкретна општина, во која – благодарение на заштитата дадена од антимакедонската владејачка коалиција на СДС и ДУИ нашите закони не важат", велат од Левица.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе