Левица најавува бесплатна правна помош за оние кои нема да се попишат

Нема кривична одговорност за непопишување. Предвидена е само прекршочна одговорност, што е понизок износ. Но, тоа се однесува доколку сте го пуштиле попишувачот. Не постои одредба која вели дека ако не го пуштите попишувачот, вие ќе бидете казнети, вели пратеникот Димитар Апасиев од Левица.

Според него, Уставот ја гарантира неповредливоста на домот. „Ќе организираме мрежа на адвокати – бранители кои ќе даваат бесплатна правна помош. Во историјата на Македонија не постои човек кој бил казнет за непопишување”, вели Апасиев.

Во врска со тврдењето на Владата дека бојкотот на пописот претставува кривично дело „организирање отпор“, Апасиев подвлече дека во посоченото кривично дело организирањето отпор и непослушност е кон, како што е и пропишано во Кривичниот законик, законити одлуки и мерки на државен орган.

„Но, пописот не е тоа. Пописот е закон. Не е одлука на државен орган“, нагласи Апасиев. Тој додаде дека всушност Владата организира отпор кон законитите одлуки и мерки кои се донесени во врска со пандемијата и кои сè уште се на сила.

Според пратеникот, во ситуација на епидемија и кризна состојба примарни прописи се законите и мерките кои го штитат животот и здравјето на граѓаните, права кои се загарантирани во Уставот.

Во членот 206 од Кривичниот законик пишува: „Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.“

„Јас ги повикувам да ми го одземат имунитетот и нека ме гонат, ќе се тужиме и ќе видиме кој ќе добие во Стразбур“, изјави Апасиев.

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе